Uncategorized

Португалците не се шегуваат – ја „треснаа“ и Шведска сред Малме! (видео)

Малме, 18. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Португалската репрезентација продолжува да биде најпријатното изненадување на Европското првенство во ракомет, откако сред Малме со 35:25 ја победија Шведска и останаа во игра за пласман во борбата за медали.

Португалците во првата групна фаза успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Франција, но загубија од Норвешка, така што ќе биде интересен дуелот со Словенија, кој најверојатно ќе одлучува за тоа кој ќе се бори за медали.

По рамноправниот старт на мечот, Португалците успеаја во средината на првото полувреме да се одвојат на +3 (10:7) и да ги заддржат тие три гола предност до паузата (15:12). Ако се веруваше дека „трите круни“ ќе успеат да одговорат во второто полувреме, ваквите илузии набргу беа распрснати откако Португалците поведоа и со седум разлика (24:17), и постојано го зголемуваа водството и на седум минути до крајот достигнаа и дури +10.

Руи Силва и Фабио Магалаеш имаа по шест гола за сензационалните Португалци, додека „анемичната“ Шведска ја предводеа Даниел Петерсон и Андреас Нилсон со по четири постигнати голови.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, 2.ФАЗА

ГРУПА 2

Словенија – Исланд 30:27 (15:14)

Норвешка – Унгарија 36:29 (20:12)

Португалија – Шведска 35:25 (15:12)

Табела: 1.Словенија 4, 2.Норвешка 4, 3.Португалија 2, 4.Унгарија 2, 5.Шведска 0, 6.Исланд 0

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука