Скопје, 20. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
На Комисијата за транспорт, врски и екологија на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за градење, на Законот за сигурност во железничкиот систем, Предлог законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и дополнувањата на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, сите по скратена постапка.
Законот за градби во јавноста оценет како антиуставен, но интересите на лица блиски до поранешниот премиер Зоран Заев се позначајни од Уставот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива