Охрид, 21. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците денес се вратија во училишните клупи, почна второто полугодие од учебната 2019/2020 година.
Во основните училишта во Охрид наставата следат 4.610 ученици од кои 483 првачиња, додека во средните училишта се запишани 1.942 ученици.
Согласно постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука наставниците ќе продолжат да работат со повисоки плати од јануари за 10 отсто. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 19