Охрид, 21. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Законот за празници, понеделник, 27-ми јануари ќе биде неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Македонија, соопшти министерството за труд и социјална политика.
На овој ден се слави празникот Свети Сава. И оваа година Здружението на Српската заедница во Охрид „Коштана“ ќе го одбележи празникот. Ќе се осветува колач и пченица, а вредните домаќинки ќе подготват богата трпеза. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28