јануари 22, 2020

Штип/Охрид, 22. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата на својата седница во Штип, го донесе Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029), објави министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми.

– Планот се носи за прв пат, иако согласно препораките на УНЕСКО требал да се донесе уште во 2009 година. Планот за управување претставува главната рамка за заштита на Охридскиот регион како Светско наследство, и е едно од главните барања на УНЕСКО. Во него јасно се опишани целите на заштита и задачите кои пред себе ги имаат институциите на централно и локално ниво. На сите ни претстои многу работа, но недвосмислено продолжуваме да се грижиме за нашето наследство, додава Адеми.

Image may contain: 9 people, people sitting, screen, table, laptop and indoor

Неодамна тој ја истакна потребата од заштита на сите природни и културни богатства во земјата, особено притоа имајќи го предвид охридскиот регион како природна и кутурна реткост заштитена од УНЕСКО.

– Најголемиот предизвик пред кој се наоѓа секое развиено општество е токму заштитата на природното и историското наследство што го поседува. Тоа не е опција, туку обврска и должност. Покрај евроатлантската интеграција, УНЕСКО стана еден од клучните политички приоритети на државната надворешна политика. Свесни сме за придизвиците со кои се соочуваме околу сочувувањето на статусот на охридскиот регион во УНЕСКО, што е еден од највиските приоритети на Владата, рече Адеми, притоа посочуваќи ги преземените чекори во таа насока, согласно Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство и препораките на УНЕСКО.

Тука ги посочи изготвувањето на Планот за управување со охридскиот регион и Стратегиската оцена за влијанието врз животната средина, како рамка на понатамошното делување, се со цел создавање хумана и одржлива урбанизација која нема да дозволи нарушување на културниот пејзаж и нерационална експлоатација и уништување на природните ресурси. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука