Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и градоначалникот Георгиески крајно лицемерно и без никаков срам пред еден месец божем го отворија затворениот зелен пазар

Охрид, 22. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Зоран Заев и градоначалникот Константин Георгиески крајно лицемерно и без никаков срам пред еден месец божем го отворија затворениот зелен пазар, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпатол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– СДСМ како за сѐ досега така и сега вети и излажа дека затворениот зелен пазар по цели три години доцнење почнува со работа од 1 јануари 2020 година. Дојдоа, се сликаа и си заминаа, а пазарџиите останаа надвор среде зима. Дали раководството на ЈП „Градски Пазар“ работи на подобрување на современите потреби на денешното живеење како што ветуваше? Власта на СДСМ ги остави пазарџиите својата дејност да ја реализираат во неадекватни услови за работа. Јавниот паркинг и техничките одделенија сместени во зградата не работат. Со СДСМ нема унапредување на условите за работа на пазарџиите. Охриѓани се свесни дека СДСМ и готов проект не знаат да го стават во функција, а да не зборуваме за нова капитална инвестиција. Со СДСМ и Георгиески нема нови проекти за Охрид. Лагите на СДСМ и Заев завршуваат на 12 април кога доаѓа обновата, нови проекти и нов развој за Охрид и Македонија, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука