Женева, 23. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Развојот на вакцината против новиот тип на коронавирус ќе трае најмалку една година, соопшти синоќа Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ).
Бројот на пацинети заразени со вирусот во Кина до вчера нарасна на 517, а 17 лица досега починаа, соопштија вчера кинеските здравствени власти.
Директорот на ГАВИ, Сет Беркли, изјави дека стручњаците не знаат доволно за епидемиологијата на новата болест за во овој момент да може квалитетно да се процени ризикот од неа.
– Добрата вест е дека сите научници веќе го секевенционираа и објавија геномот на вирусот, што овозможи неколку организации во светот да почнат да работат на вакцината – рече Беркли за агнецијата ДПА.
Вакцините што штитеа од коронавируси е многу поедноставно да се развијат од оние за болестите како маларија или ХИВ, додаде тој.
Беркли кажа дека, сепак, „ќе требаат месеци пред да се спроведат вистински клинички испитувања и најмалку една година пред вакцината да може да биде достапна за употреба.
ГАВИ е непрофитно партнерство кое соработува со владите, деловните луѓе, Светската банка, хуманитарните организации и невладини организации за да ги исполни целите за вакцинирање. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива