ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Хуманитарен концерт за помош на Ева Колоска

Охрид, 25. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани уште еднаш се „мобилизираат“, овој пат за помош на 12-годишната Ева од Охрид која боледува од тумор на мозокот, Pilocytic Astrocytoma.

Во недела, на 2-ри февруари 2020 година, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт за помош на Ева.

Image may contain: text

Настанот е поделен на два дела – детски, кој ќе започне во 12:00 часот и дел за возрасни, кој ќе стартува од 13:30 часот. Ќе настапатФолклорниот ансамбл „Бисери“, хорчето „Весели бисерчиња“, одбрани песни од детскиот фестивал „Распеано рибарче“, како и Студиото за танц „Соната“. Покрај нив пред публиката ќе се претстават и Ѓоко Танески, The Backdoor Band, Жармена и Китроз, Каролина и Оли Китан, Ивана Коскоска, Емилија Колоска и дуото Black Moon (Мила и Билјана).

Во текот на февруари 2020 година, Ева треба да замине на радио-терапија во Турција, која заедно со приемните прегледи чини 18.500 евра. Родителите на Ева не се во можност да ги обезбедат потребните средства, па затоа да ја покажеме уште еднаш сите заедно нашата хуманост и да помогнеме.

Сите хумани луѓе можат да помогнат со донации на следните начини:

– жиро сметка за донации од Македонија: 240127104572478, УНИ Банка, Зоран Колоски

– за донации надвор од Македонија: IBAN: MK7240127104572478 (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука