Охрид, 30. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во петок, на 31-ви јануари 2020 година, во метохот на манастирот Св. Наум Охридски, „Св. Атанасиј Велики“ во Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“.
– Со литургијата која ќе започне во 09:00 часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, информираат од Дебарско-кичевската епархија од каде ги повикуваат верниците на заедничко прославување на овој празник. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 37