Охрид, 31. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Активностите кои досега се преземени за исполнување на препоракитеод УНЕСКО како Охрид не би се нашол на листата загрозени подрачја се само шминка.
– Ние како опозиција активно учествуваме во носењето на сите забелешки кои произлегоа од генералното собрание во Баку, бевме конструктивни, а зачувување на статусот е еден од нашите приоритети. Во однос на постапувањето гледаме што и како се случува, покрај мораториумот и одредени запрени постапки, немаме продолжување на отстранување на платформи. Досега преземеното е шминка, вели координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Пецаков истакна дека процесот будно ќе го следат и ќе ги истакнат забелешките. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес