Белчишта, 2. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца го потсетуваат првиот човек на општината Зоран Ногачески на негова постара изјава, по поставениот видео надзор во зградата на локалната.
– Граѓаните на општина Дебрца во очекување се градоначалникот да излезе со најнов Facebook статус „Моментот кога го вклучувам видео надзорот во Општината“, како што тоа го направи пред две и повеќе години кога ги исклучуваше, велејќи „никој во општинската зграда нема и не смее да биде под видео надзор“, а имајќи го во предвид тоа што градоначалникот во заминување пред извесно време во општинската зграда постави најсовремен видео надзор, спротивно од тоа што го ветуваше кога дојде на функција, велат од партијата.
Додаваат дека до нив пристигнале реакции од голем број прилично вознемирени граѓани на општината, кој се прашуваат кое е вистинско лице на градоначалникот и дали ваква слободна општина ветуваше пред да дојде на власт. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива