Белчишта, 4. феврусри 2020 (ОХРИДПРЕС) – Сакаме да го прашаме Ногачески дали ваков живот им вети на граѓаните и вака транспарентно ги троши нивните пари – порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца.
– И покрај одлуката за зголемување на водата за 20%, во првиот квартал на ЈКП „Дебрца“ за 2019 година има направено загуба во износ од 377.855,00 денари за само три месеци работење. Сакаме да ја запрашаме локалната власт на чело со градоначалникот Ногачески зошто и покрај загубите на ЈКП „Дебрца“ ги трошат парите на граѓаните на репрезентација каде што потрошиле цели 41.131,00 денари, за дневници за службени патувања во висина од 13.581,00 денари, дури и надомест за користење на сопствено возило во висина од 10.500,00 денари. Дали вакво расипничко работење ветуваше пред избори градоначалникот во заминување уверете се сами – прашуваат од партијата.
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива