Охрид, 5. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Локалната власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески докажа дека не знае како се води градот, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Тоа охриѓани го видоа со поставувањето на рампите, создавањето хаос и нивната нефункционалност. Дали затоа што успешно не се спроведе проектот за функционални рампи во центарот и Стар Град, градоначалникот Георгиески го унапреди Зоран Шикалоски во раководител на одделение за сообраќај и улици, Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици? Дали со тоа си ја прикриваат неспособноста и бегаат од одговорност за направениот хаос? Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ не чувствува никаква загриженост поради неуспешноста на проектот и проблемите што им ги создаваат неисправните рампи во движењето на граѓаните. И после повеќе од две години некои од рампите не функционираат. Кога веќе не можете да ги ставите во функција тогаш отстранете ги металните рампи и бетонските конструкции поставени во центарот и стариот дел на градот. Правиот пат на Георгиески е попречен со рампи и нема напред за охриѓани, реагираат од партијата. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес