Охрид, 7. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Веста за објавениот тендер за реконструкција на улицата „Абас Емин“ во Охрид, беше една од најкоментираните на Facebook страната на OhridPress деновиве.
Граѓаните генерално со неверување гледаат на овие најави и во најголемиот дел од коментарите ги сметаат за предизборни залажувања.
Според нив, уште долго нема да се санира оваа улица која е од исклучително значење за граѓаните кои живеат во овој дел на градот, поради фактот што ги поврзува Булеварот „Туристичка“ со „Железничка“, двете најважни и најфреквентни улици во градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34