октомври 23, 2014

Македонскиот народ и покрај сите премрежија кој ги има поминато низ историјата, а со тоа Охриѓани, се горделив народ и народ кој со векови ја чува својата традиција, било тоа да е во областа на културата било да е во православието или во севкупното живеење.

Една од многуте традиции која се чува со години е побратимството кој како поим во сваќањата на нашите предци преставува личност кој не е во роднинска врска но се прифаќа како најблизок роднина (син, ќерка, брат, сестра). Обично луѓето се побратимувале кога некој некого ќе спасел од голема незгода, временска непогода, војна и сл. Таа  традиција и почитување се пренесувала од колено на колено (нажалост сега е во се поголем заборав). Согласно на оваа традиција и општините во Република Македонија се збратимуваа со други општини најчесто од поранешната федерација, но и надвор од неа со други градови низ светот. Охрид како град се збратими со повеќе градови почнувајќи од  Крагуевац 1977, Винковци, Пиран, Волонгонг, Виндзор, Будва, Подградец и др.

Меѓутоа со жалење морам да констатирам дека дружењата, одржувањето на плодни средби е сведена на минимум од сите локални самоуправи и градоначалници наназад, а најповеќе од новата локална самоуправа и градоначалник на Охрид.

Врските со овие збратимени градови се сведуваат само на посета еднаш годишно и тоа на најзначајниот датум на градот со неизбежна заедничка софра и мала сосема незабележителна културна и спортска размена. Во последнава години вакви посети и соработка имаше со Будва и Крагуевац што е добро но далеко од доволно. Меѓутоа покрај збратимените градови од поранешната заедничка држава Охрид е збратимен со Виндзор – Канада и Волонгонг – Австралија.

Си поставувам прашање дали локалната самоуправа има блиски контакти со овие градовии градоначалници и дали знаат воопшто кој е градоначалник на овие градови бидејќи досега во овие две години немам сретнато ниту една информација за некаква средба на највисоко ниво со збратимените градови а секако дека пропагандната машинерија на локалната самоуправа тоа на големо ќе го најавуваше.

Овој пат би сакал да зборувам и воопшто да дадам предлог на градоначалникот Бакрачески за поблиска соработка со збратимениот град Виндзор во Канада (www.citywindsor.ca) кој имав прилика да го посетам во 1999 година како претседател на совет на општина Охрид.

Градоначалник кој со голем успех го води Виндзор е господинот Еди Францис (Eddie Francis) кој за градоначалник бил избран првпат 2003 година и досега во неколку мандати го води градот. Градот Виндзор е во постојан подем и се развива забрзано исто така долгот кој го затекнал во 2004 од 315 мил. долари го сведе на 115 мил. оваа година (и за чудо никаде на интернет не сретнав ниту жалби ниту поплаки како кај нас за долгот) туку само идеи и визии за напредок на  Виндзор.

Добро е локалната да ја отвори веб страната на овај град и ќе види како се работи за својот град. Исто ќе забележи бројни ивестиции реализирани (не во најава и имагинарни) како затворени базени, аква паркови, изградба на автопати, мостови кој го поврзуваат со Детроит и други инвестиции во градот во вредност од неколку милијарди долари без при тоа да ги подигне даноците на имот напротив ги смалува секоја година.

Се надевам дека нашите од локалната самоуправа дека ќе се сетат да го поканат овај градоначалник да го посети Охрид или воопшто ќе создадат блиски врски бидејќи имаат што да научат од градоначалникот на Виндзор. Би требало да обрнеме повеќе внимание на вакви успешни приказни и дел од искуството да пренесеме во Охрид, а уште повеќе бидете сигурни дека ќе ни се отворат многу патишта до фондови за проекти и зошто не и грантови.

Господа од локалната, размислувајте во духот на Европската унија и вашиот видокруг нека не е само на север или 300 км во радиус.

Охрид заслужува повеќе!

Ванчо Костоски
Претседател на ВМРО-НП – Охрид

0462opstoweb

** „046 – За Охрид се зборува“ е проект на Супер радио и OhridPress и истиот има за цел да се сврти вниманието на охридската јавност кон одредени теми. Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата – Супер радио и OhridPress да бидат вистински глас на заедницата и да објават различни мислења, но и начини за подобрување на одредени состојби. Напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат колумнистите. Супер радио и OhridPress се оградуваат од евентуален навредлив речник и конотации, и ги сметаат за непримерни во јавната комуникација.

Во вториот дел од „046 – За Охрид се зборува“, кој ќе трае од октомври до декември 2014. година, ќе пишуваат и дебатираат Владо Чингоски, Ванчо Костоски и Никола Митровиќ – Бабе.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука