Охрид, 12. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ја извести јавноста дека од соседна Грција реагирале на стариот амблем на министерството со Република Македонија, кој го забележале за време на неговата посета на СВР Охрид.
Тој извести дека добил вербална нота од Грција за непочитување на Договорот од Преспа.
– Се сретнав со амбасадорот. Имаат забелешки на тоа што во мојата биографија сум пишал Република Македонија. Исто така, замериле што вчера во Охрид во канцеларијата каде што сме се појавиле имало стар амблем од Министерството, а истиот го има на многу места, рече министерот Чулев. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 45