Охрид,14. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Последниот конкурс за вработување во ЈЗУ Општа болница Охрид беше тема на денешната прес конференција на ОО на ГДУ од Охрид.
За жал обновувачите на Македонија уште не почнати со обновата си продолжија по старо. Како во минатото, така и сега изборот се сведе на највлијателните,а не на најспособните. Праксата продолжува со клиентелизмот и моќта на неколкумина во градот. Интересно во оваа ситуација е што не се однесува на власта, во оваа ситуација играта ја игра опозицијата и успева во своите намери, истакна на пресот Даниел Јордановски од ГДУ.
– Секојдневните пресови на ВМРО-ДПМНЕ за непотизам,клиентелизам,како да ги прават за пополнување на некоја агенда. Нивниот претседател на огранокот во последно време го нема, а сега знаеме и зошто. Постапката за вработување заврши со тужби, жалби, кои не веруваме дека ќе вродат со плод. И на овој конкурс за вработување работно место не добија најкомпетентните, туку највлијателните. За жал големците добиваат, а обичните граѓани губат. Кој го доби овој конкурс, тоа сите заедно ќе треба да го прашаме господинот Донев. Се надевам ќе собере храброст и ќе им каже на останатите кандидати зошто не успеале да го добијат ова работно место,кој и зошто го добил. Ништо од зборовите на Мицковски дека нема да дозволи клиентелизам и партиски вработувања, тоа било само за политички поени, истакна Јордановски.
Од ГДУ ги запрашаа Мицковски и Донев да кажат кои се условите за обичниот граѓанин да добие работно место, дали нашите сограѓани со висок просек и повеќегодишно искуство имаат право да се борат за одредено работно место за кое ги исполнуваат сите критериуми. (Крај)
извор:ОхридПрес фото: ОхридПрес