февруари 17, 2020

Скопје, 17. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Актерката Сара Климоска меѓу наградените на филмската ревија „Златна рамка“, што викендов се одржа во Скопје.

На второто издание на оваа манифестација Климоска ја освои наградата за филмски актер на годината. Наградата за филмски автор на годината е доделена на дизајнерот на звук Игор Поповски, а наградата за филмски работник ја доби асистент костимограф/гардеробер Ирена Јовчевска.

Целта на овој настан е домашната публика да добие можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските професионалци да разменат мислења и искуства за нивната работа.

Image result for сара климоска во врба

Сара Климоска имаше уште една успешна година зад себе, а најголем впечаток и позитивни критики кај публиката предизвика играјќи ја Донка, еден од трите главни женски ликови во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука