Охрид, 20. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска беа искршени рампите во центарот на градот.
Неофицијално во сообраќајна незгода, настрадаа паркинг рампите кај Поштата, на потегот од центарот кон улицата „Партизанска“.
Ова не е прв пат овие рампи да се оштетуваат, а слични вакви настани се регистрирани и претходно, но не во ваков обем.
Овој дел на градот е покриен скоро 100% со сигурносни камери, а во непосредна близина е и пунктот за наплата на паркингот, па се очекува случајот набрзо да биде решен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 34