февруари 22, 2020

Охрид, 22. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Зарем Охрид го заслужува ова? Градот на УНЕСКО, бисерот балкански, прашуваат од ОО на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) од Охрид, од каде до медиумите испратија фотографии на кои се гледа многу ѓубре кое го нагрдува градот.

– Ова е апсолутно недозволиво и неприфатливо, на само неколку метра од ова место има градинка во која одат нашите деца. Каква поука им даваме? Што ќе научат од ова нашите деца? А за заразите да не почуваме ни да разговараме, сите сме свесни што може да придонесе нечистотијата. Ги повикуваме надлежните органи да се позанимаваат со овој случај и да се санкционираат тие кои го прават ова злодело. Повикуваме и директорот на комуналното да испрати екипа и да се расчисти оваа дива депонија. Охрид не го заслужува ова! Нашите деца не го заслужуваат ова – порачуваат од партијата.

Image may contain: house, tree and outdoor

извор: ГДУ фото: ГДУ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука