февруари 24, 2020

Тирана/Охрид, 24. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид постигнаа забележителен успех на Mеѓународниот натпревар ASEF кој се одржа во Тирана, Република Албанија на 21-ви и 22-ри февруари 2020 година.Image may contain: 3 people, people standing and indoorImage may contain: one or more people

– Климент Симоноски и Даријан Славкоски, двајцата ученици во VII³ одделение, во категоријата роботика, под менторство на наставникот Благоја Ристески освоија бронзен медал, информираат од училиштето.

Саемот на албанска наука и инжињерство (АSEF) е наменет за ученици од возрасна група од 10-18 години. Има за цел да ги открие и подобри вештините на учење како и изработките на учениците, да ги научи на основните истражувачки методологии и научни методи, да ги научи на основни вештини на пишување и презентација и да ја развие свеста на општествено, еколошко и едукативно ниво.

Организаторите веруваат дека преку едукаторите треба да ги поттикнат учениците кои ќе понудат готови решенија со цел подобрување на вештините од 21 век. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука