Скопје, 25. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Течат роковите за подготовка на предвремените парламентарни избори на 12-ти април. Утре почнува рокот за собирање потписи на избирачите за кандидати за пратеници и за јавен увид во Избирачкиот список.
Новина е што од овие избори освен од службени лица на Државната изборна комисија, потписи ќе се собираат и пред надлежен нотар на образец што неодамна беше утврден на седница на ДИК.
Подносителот на листата определува пред кои нотари ќе се собираат потписи и за тоа ја известува ДИК, која на својата интернет-страница објавува листа на нотари пред кои подносителите на листа собираат потписи.
Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК и тоа најдоцна до 12-ти март на полноќ.
Јавниот увид во Избирачкиот список за изборите на 12-ти април започнува утре и завршува на 11-ти март на полноќ. Гласачите своите податоци во Избирачкиот список и досега можеа да ги проверат и пред овој рок, преку апликацијата на веб-страницата на ДИК www.sec.mk и во канцелариите на ДИК.
Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива