Кривична за концесионер со Охридското Езеро, ловел и продавал риба без регистрирани пунктови
февруари 26, 2020

Струга/Охрид, 26. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против 61-годишниот М.Ч. од Струга, управител и сопственик на правно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

– Во периодот од 4-ти октомври до 30-ти ноември 2019 година, тој постапил спротивно на Законот за безбедност на храна и спротивно на Договорот за концесија на Охридското Езеро и не извршил регистрација на риболовни пунктови, без што не смеел да врши промет на уловена риба. Пријавениот, уловената риба, директно ја носел во магацинот на правното лице и во подружницата во Охрид како продавница за малопродажба на риба, што е во негова сопственост. На тој начин, се стекнал со противправна имотна корист од 293.276 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука