февруари 28, 2020

Охрид, 28. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на одбележувањето на месецот на ретките болести- февруари и оваа 2020 година ОУ„Кочо Рацин“ се вклучува во колективно подигнатата свест за ретките болести.

Учениците од предметна настава преку видео презентација беа запознаени за поимот ретка болест, светска статистика, симболиката на боите и дланките како и нивните проблеми и предизвици.

https://scontent.fskp1-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-0/p480x480/87543637_135624451094072_7855230373880397824_n.jpg?_nc_cat=105&_nc_sid=b96e70&_nc_oc=AQmGUDbJEAPsci6EFIGqotSBUQndQMVy5RlM0TMphm7xv3JBucMPCTrIxJ1pXi0DUQ4&_nc_ht=scontent.fskp1-1.fna&_nc_tp=6&oh=a6f27d591805663817188b18e8219307&oe=5EB73BBF

– На огромно задоволство се вклучуваме во оваа кампања која од година во година зазема се поголема масовност. Минатите години сме обојувале лица, сме цртале дланки и реквизити со кои гордо се приклучивме на маршот на ретките болести. Нашите училници ги красат ликовни творби на истата тема. Оваа година, наставниот кадар и учениците, испраќаме посебен апел преку цртеж- пеперутка со пет крилја. Се разбира и таа е ретка! А уште поголема е симболиката на бројот пет, пет избоени крилја на едната страна на пеперутката….тоа се оние само 5% ретки болести за кои постои лек.

https://scontent.fskp1-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-0/p480x480/87518945_664083404402708_6120957437710172160_n.jpg?_nc_cat=106&_nc_sid=b96e70&_nc_oc=AQmbAgs-IDaZag4J3UaruEXOyIjcVmThmJHk27SWF8F0pyiV7S8Ow5CDXGeyQJ9wkJA&_nc_ht=scontent.fskp1-1.fna&_nc_tp=6&oh=74e4670be0fcf261aa7fbc343721d5f3&oe=5EF79592

Со надеж дека наредната година ќе ги избоиме двете страни на пеперутката го цитираме Ричард Бах: “Она што гасеницата го нарекува крај на светот, мудрецот го нарекува пеперутка”, вели Наташа Неданоска, наставник по македонски јазик и иницијатор на акцијата за ретки болести во ОУ „Кочо Рацин“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука