март 1, 2020

Охрид, 1. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Сите по малку за подобро утре. Закажете термин кај бербер Емин секоја недела од 10:00 до 13:00 часот, порача на социјалните мрежи познатиот охридски бербер Шогун, кој ја продолжува хуманитарната акција за помош на оние на кои им е најпотрбна.

Охридскиот бербер Неат Алим- Шогун уште со почетокот на декември минатата година започна со акција за помош на своите охриѓани. Секоја недела од 10:00 до 13:00 часот во неговата берберница, лоцирана во Старата охридска чаршија, нуди бесплатно потстрижување за ранливите категории граѓани.

Тој преку Facebook статуси редовно ги повикува ранливите категории на граѓани на кои потшишувањето им е финансиски товар, да се шишаат кај него комплетно бесплатно.

Од каде потекна идејата за хуман гест, колку младите се заинтересирани за занает, но и за искуствата со странските гости и туристи повеќе од интервјуто на Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука