Охрид, 1. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – По периодот во кој за неколку дена се менуваа сонце, дожд и снег, Охрид денес повторно блесна на сонцето на првиот мартовски ден на температура од околу +11 степени Целзиусови.
Раздвижено беше по Кејот, а бројни охриѓани и гостите уживаа во кафе баровите и хотелите на Охридското Езеро.
Метеоролозите за денес најавуваат сончево врене со умерена облачност и потопло преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 11. степени.
– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 24