Скопје/Охрид, 4. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Васил Гарванлиев со песната „You“, дело на охриѓанката Невенка Нешкоска, ќе ја претставува Република Македонија на изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Ротердам.
Нешкоска е македонска композиторка и продуцентка која живее и работи во Чикаго. Автор е и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли, Алис Шредер. Невенка има завршено на отсекот за композиција на колеџот за музика Беркли во Бостон и е добитник на награда за најдобра светска песна на „USA Songwriting Competition“.
Во моментов се работи на продукциско оформување на песната, по што следуваат и повеќе детали за неа, како и официјалниот датум на промоција. За продукцијата и аранжманот на песната се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.
Официјалната промоција на песната за македонската јавност ќе се случи истиот ден, во недела, на 8-ми март во Дневникот 2 на МТВ, по што точно во 20:00 часот, песната со видео спотот ќе биде објавена и на официјалниот евровизиски YouTube канал.
Повеќе за Нешкоска од интервјуто за Супер радио и OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива