Охрид, 8. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – WizzAir објави дека рутите за Милано, Тревизо и Бергамо ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот.
Летовите од Скопје и Охрид кон овие италијански градови ќе бидат прекинати до 3-ти април.
– Патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време. Сите оние кои имаат букирано директно на www.wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити. Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење, информираат од компанијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива