Скопје, 9. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти на коронавирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од Дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни на коронавирусот.
Позитивните пациенти, од петокот, 6 март, беа во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар. (Крај)
извор: МЗ фото: архива
Прочитано: 60