март 9, 2020

Скопје, 9. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, Тетово и Струмица ќе добијат модерни регионални здравствени центри, порача лидерот на СДСМ во обраќањето на почетокот на 24 Конгрес на партијата.

Претставувајќи ја изборната програма насловена „Можеме! Уште повеќе, уште подобро“ тој нагласи дека таа се темели на пет столба:

– 100.000 нови работни места и раст на платите;

– Грижа за сите;

– Ред дисциплина и правда;

– Ние сме НАТО одиме кон ЕУ и

– Сите за еко држава

– Со мерките и политиките во Програмата градиме економски силна и стабилна земја. Праведна, правична и правна држава, членка на НАТО, земја која успешно преговара со Европската Унија. Зелена, еколошка, дигитализирана, иновативна држава која има што да им понуди на своите млади. Развиваме држава за достоен живот. Држава со пристојна живеачка за сите. Градиме систем во кој трудот на работниците се вреднува и плаќа. Плата од која останува и за живот. Сакаме држава во која младите остануваат и напредуваат. Држава која младите ги развива рамо до рамо со нивните врсници од Европа. Ако можевме за две и пол години да ја извадиме земјата од финансиски колапс и да обезбедиме највисок раст на платите до сега, сигурни сме дека во следниот мандат можеме уште повеќе и уште подобро, порача претседателот Зоран Заев, презентирајќи ја програмата пред членовите на Конгресот.

Тој нагласи дека нема да престанат со заложбите за раст на платите во сите сектори, за сите граѓани и вети минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот. (Крај)

извор: СДСМ фото: СДСМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука