март 10, 2020

Охрид, 10. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Горан Тасковски, носител на листата на Македонски Независни Листи – Независна Листа во петтата Изборна единица ИЕ 5, преку допис до медиумите со благодарност до сите кои го дадоа гласот за оваа опција.

– Должност и обврска имам да Ве информирам, дека за само пет денови, сите заедно успеевме да собереме 553 чисти, изворни, надежни потписи, и покрај скратените рокови од претходните изборни циклуси од 15 на 10 денови рок за собирање на истите. Морам да истакнам дека останатите 19 јунаци кои беа дел од листата, заслужуваат голема почит и признание за чувството кое го поседуваа дека вистинското време за одбрана на татковината е сега, безусловно, свесно и без лична придобивка прифатија да се борат за Македонија, со разум за можните последици. Сега многу повеќе од било кога, верувам и сум убеден дека нашата татковина – Македонија, има цврсти темели и јасна визија, со народ кој е свесен, разбуден и спремен да ја земе сопствената света и библиска земја во сопствено владение. Околностите кои ми даваат поттик дека сонцето повторно започнува да грее, е фактот дека зад оваа опција, која беше создадена од народот, застанаа членови и симпатизери од сите политички партии, етнички групи и професии. Голема благодарност до Македонското иселеништво за цврстата и искрената поддршка, која беше истакната и од далечина, и со личното присуство во Македонија во рамките на собирањето на потписите. Сакам да дадам и големо признание на медиумите и новинарите, кои се за почит, кои истовремено ми ја вратија довербата во фелата, поради објективното известување и моралната поддршка и топлиот однос, кое ми дава за право да истакнам дека со нашата искреност, планови, проекти и патриотизам, покажавме дека единствената цел за нас е Република Македонија, со тоа им дадовме реална надеж дека во нашата татковина може да биде поразлично од сега. Покрај сите тешкотии, непринципиелности, закани, следења и притисоци, народот им прати порака на сите чинители на таквите дејствувања, дека на 12-ти април Македонија се враќа на народот, порача Тасковски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука