Скопје, 11. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Позитивни на коронавирус во државава се уште две лица. Тие се од Дебар и се соседи на претходно хоспитализираните тројца дебарчани заразени со овој вирус и заедно со нив бројот на заразени во државава се искачи на девет.
Во текот на денов се испитуваа вкупно 12 лица.
– Од сите испитани пациенти денеска, двајца се позитивни од Дебар кои биле во контакт со претходно хоспитализираните, биле соседи и имале чести контакти. Сите нивни други роднини кои живеат во истата куќа се негативни, но ќе продолжат да бидат во домашна изолација и лекување. Нивната здравствена состојба го дозволува тоа, рече на прес-конференција попладнево министерот за здравство Венко Филипче.
Како што информираше министерот претходно, седумте пациенти со коронавирус се со лесна клиничка слика, дишат сами без машина за вентилирање, првозаболената пациентка има втор негативен тест и наскоро ќе биде пуштена од Инфективната клиника на домашно лекување. Состојбата на сите лица кои се во домашна изолација е добра. (Крај)
извор: skopjeinfo.mk фото: skopjeinfo.mk