март 15, 2020

Скопје, 15. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со оглед на настанатата состојба и кризните мерки за справување со пандемијата на COVID-19, и покрај нашата целосна подготовка за настап на овие избори, сметаме дека во прв план треба да се стави здравјето на граѓаните, а предвремените парламентарни избори закажани за 12-ти април да се одложат за период од најмалку два месеца, бараат од „Македонски концепт“.

– Предлагаме сите вклучени институции и политички субјекти да го прифатат предлогот на Претседателот Стево Пендаровски за одлагање на изборите. Во овој период на криза, треба да се отфрлат политиканските калкулации на партиите, да се соочиме со настанатата реалност, да се вразумиме сите и да бидеме одговорни и солидарни. „Македонски концепт“ ги откажува и ги замрзнува сите планирани активности, вклучително и прес конференцијата којашто беше закажана за денес. Повикуваме на единство на нацијата во справувањето со корона вирусот, да се оставаат на страна партиските и личните интереси. Затоа што државниот и јавниот интерес е пред сè. Посакуваме сите да останеме здрави и безбедни, информираат од „Македонски концепт“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука