Атина, 15. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Прекинување на патното, морското и авионското поврзување со Македонија и Албанија, е една од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата влада, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, исклучок од мерката е пренесувањето на стоки и влез во Грција за оние кои имаат грчко државјанство или живеат во земјата. (Крај)
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 54