Скопје, 16. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување, објави на официјалниот профил на Facebook министерсот за здравство Венко Филипче.
– Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација. Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба. Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар, напиша министерот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива