Скопје, 18. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од ноќеска на полноќ со работа прекинува и аеродромот во Скопје.
Оваа одлука доаѓа откако пред само неколку денови беше затворен и аеродромот во Охрид, а истата произлегува како една од мерките за борба противв епидемијата од коронавирусот.
– До затворањето, авиосообраќајот ќе се одвива според распоредот на летови кој патниците можат да го проверат на нашата веб-страница, но со оглед на тоа што ситуацијата со Корона вирусот се менува многу брзо, Ве замолуваме да ги следите последните објави за вашите летови на веб-страниците на авиокомпаниите и да ги контактирате нивните оддели за клиенти, стои во известувањето објавено од ТАВ на интернет страната на скопскиот аеродром. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива