Скопје, 18. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата, состојба до 12:00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна, објави на неговиот официјален профил на Facebook министерот за здравство Венко Филипче.
– Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација. Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија, објави министерот Филипче, кој повеќе детали најави за прес-конференцијата која ќе се одржи во 15:00 часот во Владата на Република Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива