Охрид, 19. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ денес продолжија со вонредните превентивни мерки за дезинфекција на јавните површини.
– Истите ги третираме со дезинфекционо средство согласно препораките за спречување на заразата од вирусот COVID-19, информираат од претпријатието.
Денес се дезинфицираше чаршиjата (почнувајќи од старата чаршија, плоштадот кај Чинарот, па се’ до плоштадот „Св. Климент Охридски“ и паркот пред рибниот ресторан), потоа Градскиот кеј со сите патеки каде е дезинфицирана и урбаната опрема и клупите и детското игралиште пред НУЦК „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 62