Скопје, 19. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП.
УЈП нема да ги презема овие дополнителни мерки се додека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20