Скопје/Охрид, 19. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев денес информираше за активностите на МВР за справување со пандемијата и имплементирање на одлуките на Владата на Република Македонија.
Тој соопшти дека поради состојбата со коронавирусот и спречување на ширење на заразата полицијата во овој момент чува 1.000 лица кои се со наредба за изолација.
Чулев апелираше дека по прогласената состојба Одделот за специјални полициски информации презема мерки и се ангажирани на цело подрачје.
– На телефонскиот број 0800 00 201 и на објавениот мејл за 2 дена евидентирани се 59 e-mail пораки и 402 телефонски повици. Се однесуваат на регулирање на товарни возила, за извлекување на државјани заглавени во некоја од странските земји. Да се пријавува секое непочитување на препораките за самоизолација како и угостителски објекти и забрана за собири. На 19-ти март, СВР Скопје врши контрола на 230 лица за здравствен надзор, и 1.000 лица со наредби за самоизолација. Контролирани се 530 објекти од кои 140 само денес. Во Велес 2 лица се под здравствен надзор, а во самоизолација се 99 лица, 186 се во самоизолација на реонот на СВР Тетово, СВР Штип – 246 се во самоизолација, во Струмица има 172 наредби за самоизолација, во Битола, 140, во Куманово 220 лица се во изолација. СВР Охрид врши контрола 82 лица со решенија за здравствен надзор, а 205 се лица со решение за самоизолација, извести Чулев. (**СВР Охрид ја покрива територијата од седум општини: Охрид, Струга, Дебар, Дебрца, Вевчани, Кичево и Центар Жупа).
Тој додаде дека секој кој ќе сака да излезе од држава ќе треба да потпише изјава дека 3 месеци нема да се врати назад. Исклучок од ова ќе бидат возачите на товарни моторни возила и они кои излегуваат поради здравствени причини.
– На 17-ти и 18-ти март поднесени се кривични пријави против 12 лица пренесување на заразна болест во Струмица и 10 непостапување според здравствени прописи во време на епидемија, рече Чулев. (Крај)
извор: МВР фото: архива