Скопје, 19. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – До 16:00 часот денес, дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус, информираше на официјалниот профил на Facebook министерот за здравство Венко Филипче.
– Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14-ти март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми. Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот. Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните. И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија. Во моментов се тестираат 35 лица, кога ќе бидат готови резултатите ќе ја известиме јавноста, информираше Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива