март 20, 2020

Охрид, 20. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со настанатата ситуација а имено објавената вондредна состојба поради опасниот вирус Ковид-19, Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) апелира да се почитуваат препораките од надлежните органи и здравствените институции.

Мораме заеднички да вложиме максимални напори за да го зачуваме сопствениот живот а воедно и животот на нашите најмили, порачуваат од ГДУ од каде предлагаат уште 4 мерки и препораки, кои смета дека треба да се воведат за поголема ефикасност во борбата против вирусот Ковид-19, а и да се намали негативниот ефект врз економијата во нашата земја.

– Максимална мобилизација во насока на ангажирање на домашни компании за производство на сѐ што е потребно во оваа битка, така Владата ќе ја помогне домашната економија;
– Замрзнување на кредитите и другите давачки, даноци, кирии итн. со цел граѓаните и економските субјекти полесно да се справат со кризата;
– Владата итно да реагира со дополнителни средства за здравствениот систем;
– Финансиски награди за лекарите, полицајците, војниците, службениците во сите служби инволвирани во битката против корона вирусот;

Од партијата апелираат до нашите сограѓани, ако имаат потреба да купат нешто, да купуваат македонски производи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука