март 20, 2020

Скопје, 20. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Битката со вирусот ќе ја добиеме многу полесно ако ја добиеме и битката со лажните вести, неточните информации и непроверените препораки, порача на својот профил на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

– Сите овие придонесуваат до креирање на паника која е многу опасна во услови на криза. Како да постапувате, кои се симптомите, како и дали се лекува – информирајте се само од релевантни извори: Министерство за здравство, Влада, Институт за јавно здравје, Светска здравствена организација, УНИЦЕФ, напиша Филипче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука