COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Македонка од Швајцарија наместо во изолација се шетала низ Охрид

Охрид, 20. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Основното јавно обвинителство од Охрид постапувајќи по поднесената кривична пријава денеска до Основниот суд во Охрид доставиле предлог за издавање на казнен налог за македонска државјанка со живеалиште во Швајцарија.

Обвинетата сторила кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ предвидено и казниво.

– На 9-ти март годинава, 47- годишната Македонка допатувала од Швајцарија, земја со висок ризик на зараза утврдена на листата на Светската здравствена организација, преку граничниот премин „Ќафасан“. Иако на 18-ти март дала изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација на адресата на пријавеното престојувалиште во траење од 14 дена со што ќе ја почитува изречената писмена наредба на министерот за здравство издадена на 16-ти март и Одлуката за мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID-19, не постапила по наведените обврски. Истиот ден обвинетата излегла од престојувалиштето и се упатила во непознат правец со што го сторила делото што и се става на товар, се наведува во соопштението, информираат од Јавното обвинителство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука