Охрид, 22. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од автопревозникот „Галеб“ ги објавија новите возни редови за градско-приградскиот сообраќај, согласно вонредната состојба, која поради спречувањето на ширење на коронавирусот ја воведе Владата на Република Македонија.
– За Велгошти во: 06:45, 07:15, 08:15, 12:15, 13:20, 14:15, 15:15, 16:15 и 19:30 часот.
– За Косел-Ливоишта во: 06:30 (до Ливоишта), 07:00 и 08:00 часот. Во 13:25 (до Ливоишта), 14:10, 15:15 (до Ливоишта), 16:30 (до Ливоишта) и во 19:30 (до Ливоишта).
– За Лакочереј во: 06:35, 07:15, 12:40, 14:15, 15:15, 16:30 и 19:30 часот.
– За Пештани во: 06:30, 07:20, 13:15, 14:30, 15:30 и 19:30 часот.
– За Св. Наум во: 06:30, 15:30 и 18:30 часот.
– Градските линии 1 и 2 ќе се собраќаат од 06:30 до 08:30, од 13:00 до 16:30, па од 19:00 до 20:00 часот. Линијата Охрид-Струга ќе се води во ротација со прво поаѓање во 06:30, а последно поаѓање во 19:30 часот од Струга, информираат од „Галеб“.
Заради неможноста да се прилагоди работата на последните владини одредби поврзани со полицискиот час и посебните одредби за обезбедување 4 м2 по патник, од АД „Галеб“ претходно информираа дека од денес се укинати и преостанатите линии Охрид-Скопје и Скопје-Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива