Скопје, 23. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1), информираше на неговиот официјален профил на Facebook министерот за здравство Венко Филипче.
– Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, објави министерот Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 61