Охрид, 24. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на следење на препораките за спречување на ширењето на Коронавирусот, OhridPress секојдневно Ви објавува интересни содржини за охриѓани да останат во домовите, но и да имаат нешто интересно за следење.
За денес Ви ја препорачуваме снимката на претставата „Сомнително лице“ на Бранислав Нушиќ во изведба на една театарска дружина од Охрид, која кон средината на 90-тите постигна успех каков што само може да се посака и во денешни услови.
– Работевме како театарска дружина и претставата постигна таков успех што ја игравме скоро секој викенд пред преполна сала. Гостувавме и во Драмски театар во Скопје, каде ја игравме претставата во вторник. Гостувавме и во бројни други градови, а добивме и многу награди. Во претставата играа: Горан Стојаноски, Новески Климе, Саше Робески, Серафимоски Мите, Павел Најденоски, Михаил Мишев, Ташко Лаброски, Диме Петрески, Анета Јованоска и многу други, се сеќава на претставата Жанко ЗШ Голабоски, кој го играше ликот на брашнарот Миладин.
Уживајте во повеќе од 2 часа врвна забава.
извор: ОхридПрес фото: архива видео: Drac Matev