Скопје, 24. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на Коронавирус во земјата, објави на неговиот официјален профил на Facebook министерот за здравство Венко Филипче.
– По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (88)
– Дебар (40)
– Куманово (8)
– Штип (7)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Гостивар (1)
– Поради собирање на податоците до 12:00 часот, за деталниот извештај ќе информираме секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот, објави министерот Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 46