Охрид, 24. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишната Д.Т. од Охрид, како и против 48-годишниот Х.П.Т. од Швајцарија, со привремено престојувалиште во Охрид.
– Тие не постапиле по мерката за самоизолација од 14 дена и не се придржувале според одредбите по писмената изјава за самоизолација, која што на 9-ти март 2020 година, своеволно ја потпишале на граничниот премин „Ќафасан“. При контрола извршена на 19-ти март 2020 година, полициските службеници утврдиле дека пријавената Д.Т. не се наоѓала во нејзиниот дом во Охрид, додека пријавениот Х.П.Т. на 18-ти март 2020 година е забележан како управува патничко возило, по што бил сопрен на регионалниот пат Охрид-Струга. Со тоа, пријавените ги прекршиле мерките за самоизолација и постапиле спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID-19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива