март 24, 2020

Охрид, 24. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 23-ти и 24-ти март 2020 година, во врска со забраната за движење во периодот од 21:00 до 05:00 часот, на целата територија на земјава, евидентирано е дека забраната не ја почитувале 133 лица, од кои најмногу во Скопје, 44 лица.

– Приведени се 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца – прекршочни пријави, додека пак 71 лице се опоменати. Покрај ова, во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени 152 контроли во угостителски и други објекти при што само во еден случај (угостителски објект во Охрид) било евидентирано непочитување на мерките на Владата, а објектот е затворен. Севкупно во периодот од 26-ти февруари до денес 24-ти март 2020 година издадени се 1.105 решенија за изолација додека пак 8.709 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука